Франк Рибери сепак не ги повредил лигаментите.
После дополнителните прегледи ќе биде утврдено за каква точно повреда се работи, но во Фиорентина можат да воздивнат. Искусниот Французин се повреди во дуелот со Лацио во средата и тренираше самостојно потоа.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Прегледите исклучија повреда на лигаментите. Франк продолжува да се опоравува, а неговата ситуација дополнително ќе биде проценета во наредните неколку денови“, соопштија од Фиорентина.
Фиорентина во овој момент се наоѓа на 14. место на табелата со 15 освоени бодови.