Вардар пред денешниот натпревар против Висла Плоцк веќе го имаше обезбедено пласманот во четвртфиналето.
Црвено-црните, денес против полскиот претстваник одиграа реми 31:31. Висла за македонскиот и европскиот шампион се покажа како навистина тежок противник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Висла подобро влезе во натпреварот и успеа да стигне до предност од 10:7, во тие помиенти Раул Гонзалес повика тајм-аут по што Вардар се врати во игра, а на полувреме се со нерешен резултат 16:16.
Во вториот дел Вардар започна поенергично и за прв пат на средбата стигна до предност од три погодоци 27:24. Во финишот Стоилов имаше прилика да постигне гол за победа, но не успеа, па натпреварот се заврши со реми 31:31. Колку изедначен беше целиот натпревар покажува и податокот што на оваа средба видовме дури 20 изедначувања.
Најефикасен во редовите на Вардар беше Лука Циндриќ со седум постигнати погодоци, додека на спротивната страна Португалецот Дуарте постигна 10 голови.
Вардар како прв во групата ќе одмара во осминафиналето, а во четвртфиналето ќе се сретне со подобриот од натпреварот помеѓу Пик Сегед и Киелце или пак Кил.