Дома Фудбал Италија Ремзи го избра бројот на дресот во Јувентус

Ремзи го избра бројот на дресот во Јувентус

Арон Ремзи уште од поодамна го договори трансферот во Јувентус, а сега го избра и новиот број.

Велшанецот како слободен играч премина од Арсенал во Јувентус, а на Старата дама ќе и се приклучи во следниот период.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Ремзи го избра бројот осум, број кој последен пат во Јувентус го носеше Клаудио Маркизио, а претходната година овој број беше некористен.

Порано осмицата ја носеше и Антонио Конте, денеска новиот менаџер на Интер и една од легендите на Јуве.

Ремзи во Арсенал го носеше бројот осум во последните неколку сезони, а пред тоа го носеше бројот 16.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Интер го доведе првото засилување за следната сезона

Џузепе Марота не чека, туку е тука првиот играч кој пристигнува во Интер! Клубот од Милано…