Дома Фудбал Револуционарни промени во шпанскиот фудбал

Револуционарни промени во шпанскиот фудбал

Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, најави промени во Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.

Најавените промени ќе бидат разгледувани на Генралното собрание на бордот на директори, пред да бидат официјализирани.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Предлозите се елиминациските кола во Купот на кралот да се играат во еден меч, а не со два натпревари како до сега, до полуфиналето кое ќе се игра во двомеч. Притоа, се предвидува клубот кој е во понизок ранг да биде домаќин.

Суперкупот на Шпанија да се игра како турнир помеѓу четири клуба во месец јануари.

Идејата е да се направи турнир со две полуфиналиња и финале во рамките на неколку дена и тоа надвор од Шпанија. Желбата на Федерацијата е новите правила да стапат во сила уште следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брера го избра наследникот на Тони Атанасов

Панче Стојанов е назначен за шеф на стручниот штаб на Брера Струјмица завчера Тони Атанасо…