Хамес Родригез е на излезна врата од Реал Мадрид и неколку европски гиганти се борат за неговиот потпис.
Колумбиецот помина две сезони во Минхен, но Баварците не сакаа да го откупат неговиот договор, па се врати во Реал каде не добива голема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Марка“ во денешното издание пренесува дека Реал веќе ја одредил ценната и за слободата на Колумбиецот бара 25 милиони евра.
Хамес се поврзува со клубови од Премиер лигата и Серија А, а интерес покажува и градскиот ривал Атлетико Мадрид.
„Јорганџиите“ и Евертон важат како фаворити за неговиот потпис, немаат проблем да ја платат споменатата сума, но Хамес ќе мора да прифати намалување на платата.