Хамес Родригез се врати во шпанскиот фудбал и тоа во дресот на Рајо Ваљекано.
Колумбиецот во редовите на Рајо пристигнува како слободен играч без оштета. Родригез се врати во шпанската престолнина, тој беше член на Реал од 2014 до 2020 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На последната Копа Америка покажа дека се уште може да игра на врвно ниво, па интерес за него покажаа неколку европски клубови.
Со Рајо Родригез потпиша договор на една година со можност истиот да биде продолжен на уште една.
Коментари