Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва во гости го победија Интер со 2:0 во натпревар од четвртото коло од групната фаза во ЛШ.
Кралскиот клуб полесно од очекувањата стигна до победа на Меаца и се врати во борба за првото место во групата, а на Интер сега му останува само теоретска шанса да се пласира во нокаут фазата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Натпреварот за Реал одлично започна откако Барела го фаулира Начо, а судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор беше Еден Азар за водство од 1:0.
Малерот за Интер продолжи во 32. минута. Видал падна во шеснаесетникот, бараше пенал, но судијата само одмавна со раката. Чилеанецот жестоко реагираше, а англискиот судија за неколку секунди му покажа два жолти картони, односно црвен.
Тоа доста им ја олесна работата на Реал. Натпреварот беше решен во 59. минута кога Хакими постигна автогол и така ги постави конечните 2:0.
Во оваа група прв е Менхенгладбах со осум бода, а бод помалку има Реал Мадрид. Трет е Шахтјор со четири, а Интер е на последното место со само два освоени бода на четири натпревари.
Вечерва интересно беше и во групата А каде Баерн Минхен на свој терен го победи Салзбург со 3:1 и си обезбеди пласман во осминафиналето.
Баерн поведе во 42. минута со голот на Левандовски, а домашниот тим ја зголемија предноста на почетокот од вториот дел кога Вобер си постигна автогол.
На семафорот 3:0 стоеше во 68. минута, а во листата на стрелци се запиша Сане. Конечните 3:1 ги постави Бериша пет минути подоцна кој постигна утешен погодок за својата екипа.
Изненадување во оваа група вечерва имаше во Мадрид каде играа Атлетико и Локомотив од Москва, а натпреварот на крајот заврши без голови.
Баерн е прв во групата со 12 бода, а второпласираниот Атлетико има пет. Локовотив освои три бода, а последнопласираниот Салзбург е со еден освоен бод.