Дома Фудбал Останато Реал сака да ја врати ѕвездата која Зидан ја исфрли

Реал сака да ја врати ѕвездата која Зидан ја исфрли

Хамес Родригез едвај дочека да си замине од Мадрид откако под водство на Зидан падна во втор план. Баерн го доведе на двегодишна позајмица за 13 милиони евра со можност за откуп.

„Ти благодариме што доведе ваков играч“, се заблагодари претседателот на Баерн Румениге на тогашниот тренер на Баерн, Анчелоти.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во првата сезона во Минхен, Колумбиецот постигна седум гола со 11 аситенции во 23 бундеслигашки настапи. Сега, новиот тренер на Реал, Лопетеги сака да го врати Родригез, но Баерн нема намера да се откаже од него. Германскиот „Kicker“ тврди дека Родригез веќе се договорил со Баерн, кој има можност да потпише со него за 42 милиони евра.

Од другата страна, во Мадрид се надеваат дека 27-годишниот играч ќе ја одложи одлуката и ќе почека до лето и тогаш Лопетеги ќе го убеди да се врати во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонката Грозданова чекор поблиску до преселба во Јувентус!

Македонската фудбалска надеж Меланија Грозданова продолжува да го привлекува вниманието на…