Дома Топ вести Реал победи, Бензема одигра чудесен натпревар! (ВИДЕО)

Реал победи, Бензема одигра чудесен натпревар! (ВИДЕО)

Карим Бензема одново е херој на Реал Мадрид!

Реал Мадрид во рамките од 33-тото коло во шпанската Ла Лига го пречека Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ и на крајот триумфираа со резултат 3:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Првото полувреме од овој натпревар не донесе голови, но само што започна второто Асенсио асистираше за препородениот Бензема за 1:0. Сите дилеми околу победникот беа отратенети кога во 76-тата минута Бензема го постигна вториот гол, овој пат Французинот доби топка од Модриќ.

Во првата минута од судиското продолжение Бензема дојде до трет гол. Тој ја искористи грешката на голманот на гостите и од 30-тина метри постигна гол за 3:0.

Ова на крајот беше и конечен резултат. Реал запиша три бода кои не им носат многу, но секако се добри за самодовербата до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“ од Островот: Осимен потпишал петгодишен договор вреден 75 милиони евра!

Наполи сѐ уште е сопственик на договорот со Виктор Осимен, фудбалер кој блеска каде и да п…