Дома Топ вести Реал одбил да го донесе Кутињо за 2,5 милиони, избра друг фудбалер и погреши!

Реал одбил да го донесе Кутињо за 2,5 милиони, избра друг фудбалер и погреши!

Филипе Кутињо по се изгледа наскоро ќе стане нов играч на Барселона за неверојатни 150 милиони евра, но пред 10 години лесно можел да го облече дресот на Реал Мадрид.

Челниците на „кралскиот“ клуб во 2008 година можеле да го донесат Кутињо од Васко де Гама за само 2,5 милиони евра. Наместо него, за иста сума го купија Алипио од Рио Аве.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Повеќе сме заинтересиран за доведување на Алипио, отколку за Кутињо“, изјави тогашниот технички директор Мигел Анхел Португал.

Така и беше, Алипио потпиша за Реал и стана едно од најголемите промашувања на „кралскиот3 клуб, додека Кутињо се пресели во Интер, каде помина пет сезони пред да се пресели на „Енфилд“.

Кутињо изминатите две сезони буквално експлодираше и стана најдобар фудбалер на „црвените“, од друга страна Алипио игра за Вита Нова, тим од бразилската Серија Б.

Притоа, Кутињо наскоро може да стане еден од најскапите фудбалери на сите времиња и да премине во Барселона за неверојатни 150 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…