Дома Трансфер зона Реал најде долгорочна замена за Модриќ

Реал најде долгорочна замена за Модриќ

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот фудбалер остава одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Не е тајна дека „кралевите“ бараат фудбалер кој ќе биде долгорочна алтернатива за Лука Модриќ, кој е на залез на кариерата. Реал Мадрид има список од неколку фудбалери, а еден од нив е токму Белингам.

Англискиот репрезентативец оваа сезона има постигнато 6 гола и 13 асистенции и се етаблираше во еден од најголемите европски таленти.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Реал Мадрид ќе се обиде на лето со богата понуда да ги убеди „милионерите“ да го пуштат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…