Дома Трансфер зона Реал најде алтернатива за Бензема

Реал најде алтернатива за Бензема

Реал Мадрид е во потрага по млад напаѓач кој ќе биде алтернатива за Бензема и од следната сезона ќе може да го наследи Французинот.

Реал се ослободи од Јовиќ, а Анчелоти сака да донесе нов напаѓач, кој ќе биде втор избор и ќе може да ја дели минутажата со Бензема.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека прва желба е 22-годишниот напаѓач, Александер Исак.

Швеѓанецот одигра одлична сезона во Реал Сосиедад, добро ја познава лигата и Анчелоти верува дека идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.

Исак во договорот има откупна клаузула од 80 милиони евра, но Реал верува дека ќе може да го договори трансферот за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…