Реал Мадрид сака да се ослободи од Еден Азар уште во зимскиот преоден рок, пренесуваат шпанските медиуми.
Азар и оваа сезона не добива голема минутажа и главно е на клупата за резерви, па и тој сака да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал издвои големо богатство за Еден Азар, но Белгиецот никогаш не ги оправда очекувањата, па сака да се ослободи од неговата висока плата.
Медиумите на Островот тврдат дека Азар може да се врати во Премиер лигата, бидејќи силен интерес за него покажува Њукасл.
Реал е спремен да го пушти уште во јануари и тоа без обештетување, пренесува „Марка“.