Трансферот на Еден Азар вреден 115 милиони евра е најлошиот во историјата на Реал Мадрид. Белгиецот по завршувањето на минатата сезона го напушти Реал, а пред седум месеци обајви крај на кариерата.
Иако Азар се пензионираше минатата година, за оваа сезона остана важечкиот договор од трансферот на овој играч меѓу Челзи и Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во договорот имало клаузула за бонус од пет милиони евра кои Реал треба да ги исплати на Челзи ако оваа сезона стигне до финалето на Лигата на шампионите.
Реал сега треба да му платат на Челзи пет милиони евра и покрај тоа што Азар не беше ни член на овој тим.