Дома Фудбал Реал Мадрид со џентлменски потег за Андрес Иниеста

Реал Мадрид со џентлменски потег за Андрес Иниеста

Легендарниот играч за врска на Барселона и на шпанската репрезентација, Андрес Иниеста, од денеска и официјално е во фудбалска пензија. 

Иако беше голем ривал на Реал Мадрид, сепак „кралевите“ во голем стил се поклонија пред фантастичната кариера на Шпанецот.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Во однос на објавата на Андрес Иниеста за неговото повлекување од фудбалот, Реал Мадрид, неговиот претседател и неговиот Управен одбор сакаат да го потврдат своето признание, восхит и наклонетост кон една од големите легенди на шпанскиот и светскиот фудбал“.

„Андрес Иниеста придонесе со својот фудбалски стил и вредности да го направи овој спорт поголем, независно од бројните титули освоени во текот на неговата кариера. Неговиот легендарен гол во финалето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година ќе остане засекогаш во сеќавањето на сите шпански навивачи. Реал Мадрид нему и на целото негово семејство му посакува многу среќа во оваа нова фаза од неговиот живот“, стои во соопшението на Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …