Реал Мадрид го купи Лука Јовиќ пред неколку години за 60 милиони евра, но Србинот никогаш не успеа да ги повтори неговите настапи од Ајнтрахт Франкфурт.
Шпанскиот шампион плати и 25 милиони евра пред четири години за Маријано Дијаз од Лион, но ниту тој не се покажа како вистинско засилување, па одигра само 42 меча.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанска „Марка“ објави дека гигантот поради тоа е внимателен на трансфер-маркетот и не сака да направи уште една грешка, иако имаат потреба од замена за Карим Бензема.
Реал бара засилување во нападот, а веќе се споменуваа неколку можности, но нема конкретен потег од страна на „кралевите“.