Реал Мадрид и Барселона во битка за доведување на Ван Дајк од Ливерпул и тренерот на европскиот клупски шампион, Јирген Клоп.
Весникот „АС“ пишува дека двата шпански гиганти сакаат да го променат својот тренер, како и нови засилувања во своите редови. Германскиот специјалист ги предводеше „Црвените“ до титулата во Лигата на Шампионите во 2019. година. Холандскиот репрезентативец, Ван Дајк пристигна во Ливерпул од Саутемптон за 75 милиони, а сумата за неговиот евентуален трансфер во Реал или Барса сигурно би била двојно поголема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во моментов тренер на Реал е Зинедин Зидан, додека Барселона ја предводи Валверде. Двајцата тренери имаат критики на почетокот на новата сезона во Шпанија и не е сигурно дека ќе го задржат своето место во тимот до крајот на првенството.