Шпанскиот гигант и освојувач на Ла Лига, Реал Мадрид е највреден фудбалски бренд во светот во 2020 година, а тоа го покажа истржаувањето на популарниот „Бренд Фајненс“.
Оваа компанија направи студија во која ги рангираше клубовите на основа на вредноста на својот бренд, а „кралевите“ и годинава останаа на прво место со 1,42 милијарди евра, и покрај тоа што вредноста поради пандемијата им падна за 13,8%.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона, од друга страна, имаше пораст од 1,4% годинава, но тоа не беше доволно за да го премине Реал Мадрид на листата, па Каталонците се наоѓаат на втората позиција со вредност од 1,41 милијарди евра.
На третата позиција се наоѓа Манчестер јунајтед кој има вредност од 1,31 милијарди евра, а исто така доживеа загуба од големи 10,7%.
Во топ-10 се наоѓаат уште и Ливерпул, Манчестер сити, Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Тотенхем и Арсенал.