Европските гиганти веќе подолго време го следат развојот на талентот на Бенфика, Антонио Силва.
Скаутите на Реал, ПСЖ и клубовите од Манчестер Сити се убедени дека Силва има потенцијал да биде нова голема ѕвезда во иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за 18-годишен централент дефанзивец, кој игра фантастично оваа сезона. Посебно импресионираше на мечот против ПСЖ каде имаше задача да го чува Меси.
Силва е дел од португалската репрезентација на Мундијалот и се очекува вечерва да биде во стартниот состав, па ќе го следат скаути на Реал и ПСЖ.
Токму овие два клуба на лето ќе водат голема битка за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Силва има договор со Бенфика до 2027 година и откупна клаузула од 100 милиони евра, па португалскиот клуб нема лесно да го продаде.