Неколку европски гиганти покажуваат сериозен интерес за дефанзивецот на Ајакс и аргентински репрезентативец, Николас Таљафико.
Според медиумите Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се фаворити за неговиот потпис и ќе водат голема битка во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
26-годишниот лев бек претпочита да ја продолжи кариерата во Шпанија бидејќи смета дека полесно ќе се адаптира и дека му одговата стилот на игра во Примера.
Таљафико игра како лев бек, позиција за која двата мадридски клуба ќе бараат засилување на крајот на сезоната. Реал најверојатно ќе се раздели со Марсело, додека Атлетико ќе остане без Филипе Луис и Лукас Хернандес.
Договорот на Таљафико со Ајакс истекува во 2022 година и неговата вредност моментално е процената на околу 30 милиони евра, сума која двата шпански клуба нема да имаат проблем да ја платат.
ESPN claim Real Madrid, Atletico & #Arsenal are among the top European clubs monitoring the availability of Ajax's Argentine left-back Nicolas Tagliafico. pic.twitter.com/uL9fUup2AV
— Gurjit (@GurjitAFC) February 28, 2019
Пред неколку дена агентот на Таљафико, Рикардо Шлипер потврди дека имал контакт со Реал Мадрид, кој бара замена за Марсело.
„Ексклузивно можам да ви потврдам дека Марсело е нов играч на Јувентус, се е договорено. Ме побараа од Реал да почнеме преговори околи Николас, бидејќи ќе им биде потребен лев бек за следната сезона. Марсело одлучил да замине, а се знае дека Роналдо веќе го убедил да потпише за Јувентус “, изјави менаџерот Рикардо Шлипер.
Аргентинецот оваа сезона блеска во дресот на Ајакс каде на 30 натпревари постигна 5 гола и запиша 5 асистенции.