Иако се чинеше дека Килијан Мбапе сигурно ќе се пресели во Реал Мадрид на крајот на сезоната, сепак пристигнуваат поинакви вести од Шпанија.
Мбапе веќе неколку години се поврзува со трансфер во Реал, а се очекуваше во јуни 2024 година како слободен агент да потпише за „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓуттоа, како што јавува „Кадена дел сер“од Шпанија, челниците на Реал Мадрид дефинитивно се откажале од намерата да го доведат Мбапе.
„Реал Мадрид воопшто нема да преговара со Килијан Мбапе за трансфер следното лето. Одлуката е донесена, неговиот потпис повеќе не е дел од плановите на Реал, поради бројни спортски економски и социјални причини“, тврдат избори блиски до клубот.
🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: Real Madrid have decided NOT to sign Kylian Mbappé next summer. It's OVER.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 8, 2023
(Source: @carrusel) pic.twitter.com/d2Ol0mc9X3