Реал Мадрид на лето ќе тргне во потрага по квалитетен дефанзивец кој треба да биде замена за Пепе, а шпанските миумите тврдат дека главна цел ќе биде играчот на Манчестер Сити, Николас Отаменди.
Имено, Гвардиола не е задоволен од играта на Аргентинецот и веќе бара нов партнер за Стоунс, па поради тоа Отаменди би можел на лето да ја промени средината.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Реал Мадрид и во минатото покажуваше инетрес за него, па смета дека би бил идеална замена за Пепе, кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.
Отаменди е искусен дефанзивец кој со успех настапуваше во Примера во дресот на Валенсија, па сигурно брзо ќе се вклопи во Реал Мадрид.
„Кралевите“ се спремни да понудат 40 милиони евра за неговиот потпис, сума која се верува дека ќе биде доволна за Сити да даде зелено светло за трансферот.