Англискиот напаѓач Мејсон Гринвуд (22) летово се пресели од Манчестер Јунајтед во Марсеј во трансфер вреден 26 милиони евра.
Претходната сезона ја мина на позајмица во Хетафе, а тоа му беше прва сезона по една и пол година пауза поради сериозни обвинувања за силување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Гринвуд никогаш не беше осуден на суд бидејќи сведоците се откажаа од сведочењето, но доказите против него се уште се силни, па минатото лето неколку англиски клубови под притисок на јавноста се откажаа од обидот да го донесат.
Гринвуд досега се покажува како еден од најдобрите летни трансфери. Во првите четири настапи за Марсеј, тој постигна пет гола, а голем број европски медиуми пренесуваат дека е на радарот на Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Баерн Минхен.
Се вели дека сите тие размислуваат да го доведат Англичанецот и покрај тоа што неговата кариера беше нарушена со случај на силување.