Дома Фудбал Италија Реагираше УЕФА: Вестите за Милан се целосна невистина!

Реагираше УЕФА: Вестите за Милан се целосна невистина!

Денес италијанските медиуми лансираа вест која како „бомба“ одекна во целиот свет. Тие најавија дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) нема да го прифати предлогот на Милан за доброволниот договор за финансискиот фер-плеј.

„Кориере дела Сера“ и „Кориере дело спорт“ беа попрецизни и пишуваа и за евенталните санкции кои ќе ги добие наскоро италијанскиот гигант.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тие тврдеа дека Милан се соочува со парична казна, можно е да добие и трансфер ограничувања, а во најлош случај УЕФА ќе го исфрли од европските купови.

Со оглед на фактот дека ваквата вест крена голема прашина во цела Европа, УЕФА издаде официјално соопштение и ги негираше гласините.

„Информациите кои денес ги објавија италијанските медиуми за одбивање на планот на Милан за финансиски фер-плеј се целосна невистина. Комисијата за финансиска контрола ќе заседава во петок, а одлуката ќе биде донесена следната недела. Сакаме да нагласиме дека комисијата е независно тело и детално ќе го разгледа досието на клубот пред да донесе конечно решение“, стои во соопштението на УЕФА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…