За ракометарите на Вардар претстојат три клучни натпревари во групната фаза од лигата на шампионите од кои ќе зависи и конечниот пласман на екипата на крајот од регуларниот дел. Моментно сe лидери со 18 бода, еден повеќе од Нант. Целта на Вардарци е да го завршат овој дел од лигата на шампионите како првопласирани и да се пласираат директно во четврт-финалето.
Во недела (17 часот, СЦ „Јане Сандански”) во Скопје гостува тимот на Пик Сегед, унгарскиот вицепрвак.
„Имаме добар противник в недела. ПИК Сегед одигра одличен натпревар минатиот викенд кај Рајн Некар каде што се избори за победа. Тоа е тим со квалитет. Кај нас ќе дојдат за да играат без притисок, но и со зголемена самодоверба. Ситуацијата е подобра отколку против Барселона. Ракометарите тренираа без проблеми и сите ќе бидат подготвени. Стравувам од одбраната на ПИК Сегед. Овој тим може да одигра 6-0, 5-1, но и да играат со фластер. Знам дека подготвуваат нешто специјално за нас”, вели Раул Гонзалес
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Многупати сме играле против овој тим. Знаеме многу за нив, но и тие знаат како играме. Ситуацијата е добра за нас. Се наоѓаме на прво место, но имаме само еден бод предност во однос на Нант. Тимот од Франција утре ќе го одигра својот натпревар, па ќе можеме да видиме каква ќе биде ситуацијата на табелата пред да го одиграме ние нашиот меч в недела. Ако сакаме да останеме на првото место мораме да одиграме добро. Имаме квалитетен противник, но мораме да дадаме сè од себе и треба да победиме, завршува Гонзалес за официјалната страна од клубот.