Според пишувањето на медиумите, Валверде пред зимскиот трансфер период пречкрта тројца фудбалери, Каталонците се надеваат да продадат барем двајца во јануари.
Тројцата играчи кои немаат иднина во редовите на Барселона се Карлес Алења, Иван Ракитиќ и младиот Рики Пуџ. „Mundo Deportivo“ ги фаворизира Хрватот и Алења за заминување во текот на зимата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За трансферот на Шпанецот наводно е заинтересиран Покетино. 21-годишниот играч за врска е продукт на Ла Масија, но оваа сезона забележи само едно полувреме во дресот на Барса. Неговата вредност се проценува на 30 милиони евра, а во Лондон би стигнал како замена за Ериксен.