Дома Трансфер зона Рамос: Погба ја покажа неговата вредност, вратите за него се отворени

Рамос: Погба ја покажа неговата вредност, вратите за него се отворени

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос истакна дека вратата за Пол Погба за трансфер на „Сантијаго Бернабе“ секогаш е отворена.

„Кралскиот клуб“ долго време се поврзуваше со ангажман на францускиот репрезентативец, но на крајот не успеа да го обезбеди неговиот потпис.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Мислам дека Реал Мадрид секогаш ги отвора вратите за добрите играчи. За мене, Погба е еден од најдобрите фудбалери. Тој е поинаков и ја покажа неговата вредност во Јувентус и Манчестер Јунајтед. Мислам дека носи баланс во тимот, тој има одлични офанзивни карактеристики и е неверојатен физички. Дефинитивно вратите за него кај нас се отворени“ –порача Серхио Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…