Дома Топ вести Рамос, Модриќ и Марсело не му веруваа на Роналдо, па се обложиле на голема сума

Рамос, Модриќ и Марсело не му веруваа на Роналдо, па се обложиле на голема сума

Кристиано Роналдо синоќа постигна четири гола во победата на Реал Мадрид над Жирона (6:3).

Реал убедливо ја победи Жирона, а Роналдо со новите голови дојде на второто место на листата на стрелци и сега има 22 гола, односно три помалку од водечкиот стрелец Лео Меси. Токму опкладата со соиграчите би можела да биде клучна во таа борба за најдобриот стрелец, бидејќи наводно Португалеот ги прашал своите соиграчи дали некој сака да се обложува дека тој ќе биде најдобриот стрелец.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Рамос, Марсело и Модриќ се согласиле, а шпанските медиуми тврдат дека станува збор за голем износ. Целосната добивка, доколку се оствари, ќе биде донирана во добротворни цели. Инаку, опкладата изгледала сигурна, бидејќи Меси тогаш имал 11 гола повеќе од Роналдо, но сега разликата е мала и до крајот Португалецот ќе се обиде да биде на првото место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Aрнолд ќе стане едно од најевтините засилувања во историјата на Реал Мадрид

Трент Александер-Арнолд наскоро ќе стане нов играч на Реал Мадрид, но се чини дека нема да…