Дома Фудбал Рамос за првпат се огласи откако не се најде на списокот на Енрике: Сонцето и утре ќе изгрее…

Рамос за првпат се огласи откако не се најде на списокот на Енрике: Сонцето и утре ќе изгрее…

Во петокот Луис Енрике го објави списокот на шпанската репрезентација за Мундијалот, а најголемото изненадување беше што на него го немаше Серхио Рамос, а кога малку се стивнаа страстите, тој реши да се огласи на Инстаграм.

Енрике направи неколку изненадувачки потези во врска со ростерот на Црвената фурија и ќе биде интересно да се види што од сето тоа ќе излезе на крајот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што најмногу ја изненади шпанската јавност е фактот што Серхио Рамос, кој сезонава е стандарден во ПСЖ, не доби покана иако искусниот дефанзивец успеа да се врати во добра форма.

Шпанците беа сигурни дека Рамос ќе добие покана поради се што и дал на репрезентацијата во кариерата, но на крајот тоа не се случи. Јасно е дека таквиот потег непријатно го изненади и самиот Рамос, а неколку дена по објавувањето на списокот се огласи шпанскиот дефанзивец.

„Минатата сезона ми беше тешка поради повреда и адаптација во нов клубиот и град. Целосно се дадов себеси, телото и душата да се опоравам и да се вратам на нивото на кое бев и тоа се очекува од мене“, започна Рамос и продолжи. .

„За среќа, можам да кажам дека оваа сезона конечно се чувствувам како моето старо јас и дека повторно уживам во фудбалот и сум среќен што играм во голем клуб како ПСЖ“.

„Светското првенство? Се разбира, тоа беше големиот сон што сакав да го остварам, тешко е. Но, сонцето повторно ќе изгрее и утре. Ниту мојот менталитет, ниту мојата страст, ниту мојата желба и посветеност да размислувам за фудбалот 24 часа на ден нема да се промени“, порача Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…