Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда во целост очекувањата во Торино.
Англиските медиуми тврдат дека Рамзи би можел да се врати во Премиер лигата и да го облече дресот на Тотенхем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ се во потрага по квалитетен играч за врска, а прва желба е токму Рамзи. Јувентус пак е спремен да се раздели со Велшанецот за да направи простор за враќање на Пјаниќ.
Овој трансфер би кренал лавина реакции на Островот и Рамзи сигурно ќе биде окарактеризиран како предавник, бидејќи 11 години го носеше дресот на Арсенал.
Tottenham are lining up a sensational move for former Arsenal midfielder Aaron Ramsey. The 30-year-old looks likely to leave Juventus with the club keen to get his £250,000-a-week wages off their books. (Source: Gazzetta dello Sport) pic.twitter.com/7nOtDUObG6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 28, 2021