Арон Рамзи пристигна во Јувентус како големо засилување, но не ги оправда очекувањата во Торино.
Рамзи е еден од најплатените фудбалери во тимот, па Јувентус сака да се ослободи од неговата висока плата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Старата дама“ очекува понуди за Рамзи во јануари и веќе почнале да го нудат на други клубови.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да го испрати Велшанецот во Рома и притоа да му плаќа 60% од платата.
Мурињо е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да го доведе Рамзи во своите редови.