Ралф Шумахер, поранешниот возач во Формула 1 смета дека Луис Хамилтон треба да го преземе својот дел од вината за инцидентот на трката во Силверстоун кога Британецот од патеката го истурка Макс Ферстапен.
„Неверојатно е колку водечките луѓе во Мерцедес го бранат секој потег на Хамилтон. Не е важно колку некој има титули, сите правиме грешки. Беше тоа очигледна грешка на Луис и жал ми што за тоа не се зборува отворено“, истакна Шумахер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Ралф никој во светот на големите брзини не е совршен.
„Не е Луис крал. И тој е човек кој оди во тоалет како и сите ние“, појасни Шумахер.
Вториот дел од сезоната започнува со трката за Големата нграда на Белгија во недела 29. август.