Македонија вечерва ги продолжува квалификациите за ЕП за ракометарки, кое ќе се одржи во Франција на крајот од годинва. Пласманот е мисија рамна на илузија, бидејќи Србија и Шведска покажаа колкава е разликата меѓу нас, но затоа победа против Фарски Острови е реалност и обврска.
Македонија ретко има можност да има улога на фаворит во женски ракомет, а денеска е една од тие. Играме против Фарски Острови, селекција која е најслабо рангирана во нашата квалификациска група, но која не е без шанси да ја изненади нашата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фарски Острови е неколку нијанси побледа копија на Данска, со оглед дека целата нивна репрезентација се школува и тренира во лулката на ракометот. Македонија веќе ги совлада на гостински терен, во декември 2016, но тешко со 21-19, што претставува доволно предупредување дека ниту сега нема да ни ги подарат бодовите на тацна.
Информациите за оваа репрезентација не се кој знае колку достапни, но она што лесно може да се „прочепка“ е дека има промени во однос составот, во однос на тој меѓусебен натпревар. Тогашните 19 гола за Фарски Острови беа постигнати се на се од пет различни ракометарки, а од нив вечерва ќе играат само две.
Натпреварот се игра вечерва од 20:00 часот, а реваншот е закажан за во недела во Скопје од 19:00 часот