Македонија направи сензација и вчера во Скопје падна светскиот шампион Данска.
По оваа победа Македонија го превзема првото место во групата во квалификациите со максимални шест освоени бодови. Претседателот Живко Мукаетов по завршувањето на натпреварот соопшти и дека ќе ги награди ракометарите со премија од 20.000 евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навистина убав гест од претседателот на федерацијата кој долги години одлично го води македонскиот ракомет.
Освен победата и премијата можеме слободно да кажеме дека ракометарите по оваа победа одново ја вратија вербата на јавноста во националниот тим после Светското првенство во Египет каде што бевме непрепознатливи.