Македонскиот ракометен шампион вардар за 24 јули го закажа почетокот на подготовките за новата сезона. „Црвено-црните“ првито собир ќе го имаат во Скопје, а предвидено е да настапат и на два меѓународни турнира, во Германија и во Франција.

Според програмата, од 24 јули до 31 јули ќе се работи во Скопје каде ќе се извршат сите потребни лекарски прегледи. Потоа се заминува на подготовки на Крањска Гора во Словенија од каде директно екипата ќе отпатува за Германија на турнир, објави РК Вардар на својата веб страница.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На турнирот во Германија Вардар ќе игра со Хамбург и уште две средби со некои од следниве ривали: Лајпциг, Монпелје, Фуксе Берлин и Кристијанштад.

Следен предизвик е натпреварот од Супер Купот на Македонија против Металург во Струга на 18 август.

На крајот од август македонскиот шампион ќе учествува на турнир во Стразбург, Франција. Вардар ќе биде во Група 1 заедно со ПСЖ и Мешков Брест. Во Група 2 ќе бидат: Нант, Монпелје и Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонија ќе се бори со Грција и Шведска за пласман на ЕП 2028

Македонската ракометна репрезентација ги дозна своите противници во квалификациите за плас…