Дома Топ вести Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона официјално ги објави преговорите со дел од играчите за намалување на платата поради финансиската ситуација во клубот.

Барселона поради пандемијата бележи огромни загуби, а има и долгови кои треба да ги финансира, па бара од фудбалерите да прифатат намалување на платите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор. Страните се согласија дека ќе се даде рок до 23 ноември за разгледување и одлучување дали предложените опции се уште можат да бидат усвоени“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Забележано е дека поради загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Барселона треба да продолжи со намалување на платите на фудбалерите во вкупен износ од 191 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Самсунспор вечерва ќе има поддршка во Скопје – навивачите направија шоу во Скопската чаршија! (Фото+Видео)

Екипата на Шкендија вечерва игра против Самсунспор во Конференциската лига, а турскиот тим…