Изминатите денови италијанските медиуми тврдеа дека плејмејкерот на Барселона, Иван Ракитиќ е многу блиску до трансфер во милански Интер.
Еминентниот весник „Газета дело Спорт“ дури откри и детали од преговорите помеѓу менаџерите на Ракитиќ и миланскиот гигант.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Весникот тврдеше дека генералниот менаџер на тимот од Милано, Бепе Марота и спортскиот директор Пјер Аусилио одржале таен состанок со претставници на Барселона и добиле дозвола да преговараат со Хрватот.
Интер за Ракитиќ спрема одличен договор. Тој ќе добие договор на три години според кој ќе заработува 6,5 милиони евра по сезона. На „Џузепе Меаца“ во него гледаат играч кој може да биде еден од носителите на играта во следните години.
Оваа вест доби повеќе на тежина откако „Мундо Депортиво“, весник близок до Барселона, пренесе дека каталонскиот гигнат не сака да му понуди нов договор на Ракитиќ и е спремен да го продаде на лето.
На оваа тема конечно се огласи и самиот Ракитиќ кој тврди дека сето тоа се само шпекулации на кои тој се смее.
„Имам уште три години од мојот договор, сакам да останам овде. Ми годи тоа што големи клубови се интересираат за мене, ако тоа го прават, ама јас себеси се гледам само во Барселона“, истакна Ракитиќ.
„Гласините дека ќе си заминам, ме тераат да се смеам кога читам шпекулации додека го пијам утринското кафе“, додаде Хрватот.