Матијас де Лихт е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот, а неговиот менаџер откри дека Холанѓанецот веќе го одбрал својот нареден клуб.
Мино Раиола го потврди тоа што го пишуваа медиумите изминатите денови и откри дека 19-годишниот дефеназивец постигнал договор со Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега останува уште двата клуба да најдат заеднички јазик околу обештетувањето, а менаџерот е оптимист дека тоа ќе се случи набрзо.
„Де Лихт веќе ги договори личните услови со Јувентус и сега останува Ајакс да се договори околу обештетувањето на трансферот“, изјави Раиола.
Ајакс ја одби првата понуда од „бјанконерите“ од 55 милиони евра плус 10 милиони како бонуси и порача дека нема да го пушти Де Лихт за помалку од 70 милиони евра.
Двата клуба се во интензивни преговори и се очекува во наредните денови да постигнат конечен договор.
Де Лихт ќе потпише 5-годишен договор со „старата дама“ според кој ќе заработува 12 милиони евра по сезона, а во договорот ќе има откупна клаузула од 150 милиони евра.