Кога во прашање е иднината на Џанлуиџи Донарума, сеуште ништо не се знае.
Од ден во ден се појавуваат нови информации во врска со иднината на талентираниот голман, но конкретни потези нема. 18 годишниот голман на „росонерите“ во текот на вчерашниот ден ја разбранува фудбалската јавноста преку социјалните мрежи, а потоа објави дека неговиот Инстаграм профил бил хакиран.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таа ситуација ја прокоментира неговиот агент Мино Раиола.
„Твитовите помеѓу мене и Донарума се твитови на пријателство. После Европското првенство ќе се сретнеме со Милан и ќе разговараме, сега репрезентацијата е најважна“, изјави Раиола.
Случајот „Донарума“ сеуштего чека својот расплет. Тој има договор со Милан до наредното лето. Прво одби да го продолжи, па потоа наводно се согласил на условите. Оваа ситуација ги фрустрира фановите на италијанскиот клуб.