Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички остана без зимското засилување до крајот на сезоната

Работнички остана без зимското засилување до крајот на сезоната

Крилниот напаѓач на Работнички, Анес Рушевиќ, ќе го пропушти финишот на сезоната во Првата фудбалска лига. Тој имаше хируршка интервенција на слепото црево и ќе мора да паузира најмалку еден месец.

Тоа значи дека нема да може да му помогне на тимот на последните четири првенствени натпревари оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Се чувствувам добро, сега се е во најдобар ред и ми претстои период на рехабилитација. Благодарност за пораките на поддршка кои ги добив, а на соиграчите им посакувам многу успех на наредните натпревари“, вели Анес Рушевиќ.

Работнички в сабота го очекува гостување во Тетово и дуел против Шкендија во 30.коло од Првата фудбалска лига.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…