Криштоф Пјонтек има фантастичен старт во дресот на Милан каде што направи трансфер во зимскиот преоден рок од редовите на Џенова.
Пјонтек ја игра првата сезона во Серија А, изминатото лето пристигна во Џенова, но после само една полусезона премина во редовите на „росонерите“ и веќе зад своето име има 17 погодоци. Повеќе од него има само Кристиано Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За Милан постигна шест погодоци и веќе ги освои срцата на навивачите на „росонерите“ кои долго време чекаа на еден ваков голгетер.
Пред себе Пјонтек си има поставено висока цел и се надева дека заедно со клубот и ќе ја оствари.
Тој сака да го врати Милан на победничките патеки и да ја врати славата на клубот кој е еден од најтрофејните во Европа.
„Ако ги поседував сите квалитети за кои се пишува низ медиумите сигурно би бил најдобриот во историјата. Јас имам една цел и се надевам дека ќе ја исполнам – да му ја вратам славата на Милан. Мое мислење е дека понекогаш одредени медиуми и претеруваат. Сакам да добивам комплименти. Задоволен сум поради ефикасниот старт на мојата авантура во Милан“, изјави Пјонтек.
Патот на Пјонтек беше навистина интересен. Израсна во клубот во неговиот роден град, а во 2013 година направи трансфер во Заглебие Лубин кој изнесуваше 12.000 евра.
Три ипол години Пјонтек помина во Заглебие од каде што пред крајот на летниот преоден рок во 2016 прави трансфер во Краковија вреден 700.000 евра и тука започнува неговиот пат во нагорна линија. Во првата сезона постигна 12 голови на 32 натпревари, а потоа во сезоната 2017/2018 на 36 натпревари постигна 21 погодок.
Тоа беше одлична препорка европските клубови да тргнат по неговиот потпис, на крајот го доведе Џенова за сума од 4.5 милиони евра. За само половина година го продадоа на Милан за 36 милиони евра и тоа доволно зборува каков потег направија.
https://www.youtube.com/watch?v=p1gq8REExAs