Дома Македонски спорт Пјаст ги потврди лошите вести: Костадинов паузира најмалку шест месеци

Пјаст ги потврди лошите вести: Костадинов паузира најмалку шест месеци

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов ќе биде надвор од терените најмалку шест месеци.

Костадинов се повреди во настапите за неговиот клуб, Пјаст Главице, а докторот на овој клуб сега потврди дека Костадинов се здобил со скинати лигаменти и го чека пауза од најмалку шест месеци.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Наредната недела Костадинов ќе оди на операција, а потоа го чека долг рехабилитационен процес. Ова значи дека Костадинов ќе го пропушти крајот на сезоната во Полска, но и натпреварите за македонската репрезентација од Лигата на Нации во јуни и во септември.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…