Дома Фудбал Италија Пјаниќ е недопирлив: Станува трет најплатен играч во Јувентус

Пјаниќ е недопирлив: Станува трет најплатен играч во Јувентус

Иако името на Миралем Пјаниќ се поврзуваше со неколку европски гиганти, сепак Босанецот не е на продажба и Јувентус спрема нов договор за него, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Пјаниќ беше мета на Манчестер Сити, Барселона и Челзи, но „старата дама“ постави цена од 100 милиони евра, која споменатите клубови не се спремни да ја платат.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Последните информации од Апенините говорат дека Јувентус одлучил да не го продава Пјаниќ и спремил нов договор за плејмејкерот.

Со новиот договор Пјаниќ ќе заработува 7 милиони евра по сезона и ќе стане трет најплатен фудбалер во тимот на Јувентус.

Повеќе од него ќе заработуваат само Роналдо (30 милиони) и Дибала (7,5 милиони), со оглед на фактот што Игуаин, кој заработува 7,5 милиони евра е на излезна врата.

Двете страни веќе ги започнале преговорите и наскоро треба да се очекува потпис на Босанецот на новиот договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Што се случува со ветеранот на Реал Мадрид?

ПРИКАЗНАТА на Дани Карвахал стана вистинска енигма во Реал Мадрид. Веќе еден месец целосно…