Meдиумите на Островот после дебаклот на Манчестер Јунајтед против Тотенхем на домашен терен (0:3), стратегот на „ѓаволите“ го ставија под голем притисок.
На прес-конференцијата Мурињо буквално експлодираше пред новинарите, па Британскиот таблоид „Сан“ разговарал со психолох за состојбата на Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што го откри психологот Кевин Џорџ за англиската јавност воопшто не е позитивно за Португалецот.
„Начинот на кој се обрати Мурињо не поради прес-конференцијата. Можам да кажам дека тој буквално експлодираше и причините се неколку фактори. Кога дојде во Англија сите го сакавме, знаеше тактички добро да го сврти вниманието на себе кога неговиот тим ќе изгубеше, овој пат зборуваше за себе, но тоа воопшто не го направи тактички. Беше емотивен и загуби контрола, забележителни се и физичките промени. Неговиот шарм е целосно изгубен, тој сега е гневен и се наоѓа под стрес, изолиран е и не знае што да направи“, изјави експертот.