Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за Миралем Пјаниќ и спремаат понуда до Јувентус.
Агентот на Пјаниќ, Фали Рамадани имал средба со директорите на Јувентус, а основна причина за средбата била понудата која играчот ја има од Пари Сент Жермен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ подолго време покажуваат интерес за Босанецот, но „светците“ процениле дека сега имаат најголеми шанси да го донесат во своите редови, бидејќи Јувентус наводно е спремен да го продаде.
Маурицио Сари располага со голем број на квалитетни фудбалери во средниот ред, па Пјаниќ нема загарантирано место во стартниот тим.
Притоа, Јувентус има потреба од финансиски прилив, откако не успеа да ги продаде Дибала, Игуаин и Манџукиќ, фудбалери кои се на трансфер листата.
Финансиските детали од понудата се уште не се познати, и дали Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ на две недели пред затворање на преодниот рок.