Како што се наближува времето за истекот на неговиот договор се повеќе и повеќе се зборува дека Меси ќе ја напушти Барселона и ќе премине во редовите на ПСЖ.
Француските медиуми веќе подолго време пишуваат дека ПСЖ почнал да работи на трансферот на Меси и дека имал средби со неговиот татко.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес на оваа тема конечно проговори и директорот на „светците“, Леонардо, кој не крие дека ПСЖ го сака Меси.
„Големи играчи како Меси секогаш ќе бидат на листата на желби на ПСЖ. Ние седиме на масата на која се сите клубови кои внимателно ја следат ситуацијата со Меси. Всушност, ние не седиме на таа маса, туку на нашето столче има резервација, за секој случај. Но, сега не е време да зборуваме за тоа“, изјави Леонардо.
Il #Psg punta #Messi. #Leonardo esce allo scoperto https://t.co/VikyhSil9a
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) January 18, 2021