Серхио Рамос ова лето потпиша со ПСЖ, но се уште не дебитирал за својот нов клуб.
Шпанскиот дефанзивец после 16 години одлучи да го напушти Реал Мадрид откако не успеа да се договори со челниците на „кралевите“ околу новиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рамос имаше неколку интересни понуди, но на крајот одлучи да продолжи во ПСЖ со кој потпиша договор на две години.
Меѓутоа Рамос се уште не дебитирал затоа што не е спремен. Парижаните играат во среда, но како што стојат работите Рамос нема да биде спремен и за овој натпревар. За доаѓањето на Рамос сега зборуваше Жером Ротен кој ги критикуваше челниците.
„Откако дојде во ПСЖ Рамос се опоравува од повредата или не е доволно спремен за натпреварот. Кога си толку повреден на крајот од кариерата тоа е лошо за играчот. Кога пристигна се најавуваше дека ќе донесе позитивна атмосфера и дека со искуството ќе и помогне на екипата, но од тоа сигурно нема ништо. Покрај сите играчи во одбраната на ПСЖ, мислам дека доведувањето на Рамос беше грешка“, изјави Рамос.