Дома Фудбал Франција ПСЖ на слатки маки: Не можеме да произведеме дресови од Меси колку што имаме побарувачка

ПСЖ на слатки маки: Не можеме да произведеме дресови од Меси колку што имаме побарувачка

Дoaѓањето на Лионел Меси во ПСЖ ја крена француската престолнина на нозе, Аргентинецот заработува 35 милиони евра по сезоната, а ПСЖ веќе почнува да ги чувствува финансиските ефекти.

Претходно од ПСЖ веќе објавија дека клубот продал еден милион дресови со името на Аргентинецот и ако еден дрес чини 100 евра тоа значи дека прихофите се 100 милиони евра. Сега маркетинг директорот на ПСЖ, Марк Армстронг истакна дека побарувачката за дресови е огромна.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


„Неверојатно е колкава побарувачката на дресови, не можеме да произведеме толку дресови за колку што имаме барања. Доаѓањето на Меси е голем потег, посебно од комерцијална гледна точка. Дефинитивно оваа година ќе биде година со најмногу продадени дресови со зголемување за најмалку 40%“,  изјави Марк Армстронг.

Исто така по пристигнувањето на Меси во Париз се зголемиле и барањата за спонзорски договори со францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…