Парижаните воспоставија контакт, одлуката е на играчот.
Арон Рамзи ќе го напушти Арсенал на крајот од сезоната, а вчера сите медиуми на Островот најавија дека негов нов клуб ќе биде Баерн Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од Островот со сигурност се тврдеше дека Рамзи ќе се пресели во Минхен и ќе потпише договор на три години, но сега во трката се вклучил и ПСЖ.
Главен адут на Французите би можел да биде доколку Венгер ја превземе функцијата на спортски директор во Париз, но тоа не е сигурно.
Сепак, како проблем кој би можел да ги откаже „светците“ се наведуваат честите повреди на репрезентативецот на Велс.
Како и да е информациите се дека контактот е воспоставен, а останува да се види дали ќе успеат да го „украдат“ од „пред носот“ на Баерн Минхен.
https://www.youtube.com/watch?v=37bTpDjeLnk&t=1s