Дома Трансфер зона ПСЖ и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Барселона

ПСЖ и Манчестер Јунајтед ја сакаат ѕвездата на Барселона

Манчестер Јунајтед и ПСЖ се заинтересирани за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Новиот менаџер на „црвените ѓаволи“ Тен Хаг спрема голема реконструкција на тимот, примарна цел ќе биде доведување на квалитетн играч за врска, а најголема желба е токму Де Јонг.

Холанѓанецот одлично го познава Де Јонг бидејќи заедно работеа во Ајакс и плејмејкерот својата фудбалска афирмација ја доживеа токму под негово раководство.

Интерес за Холанѓанецот покажува и ПСЖ, кој спрема богата понуда за да го донесе во Париз.

Барселона е во финансиски проблеми, па споменатите клубови ќе се обидат до богата понуда да ги убедат Каталонците, иако во моментов тие не сакаат да го продадат 24-годишниот плејмејкер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…